Утрински Весник
Македонија

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Dozd.webp.webp

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол