
На прв поглед, тие делуваат собрано, силно и непоколебливо. Луѓето околу нив веруваат дека секогаш имаат контрола над сè и се потпираат на нивната стабилност.
Но зад таа смирена надворешност често се крие внатрешен немир, борба со анксиозност, стравови или замор што ретко го признаваат. Некои хороскопски знаци природно умеат да ја задржат својата надворешна сила но тоа не значи дека се поштедени од внатрешни кризи.
Јарец
Јарците се познати по својата дисциплина, одговорност и издржливост под притисок. Во работа и во семејството, тие се потпора за сите околу нив. Но токму затоа ретко покажуваат слабост. Длабоко во себе го чувствуваат тежок товарот на одговорноста, кој со текот на времето ги исцрпува. Кога никој не гледа, тие ја водат својата битка во тишина далеку од очите на другите.
Девица
Перфекционистичката природа на Девицата ја тера да контролира сè – планови, емоции и односи. На површина изгледа дека сè ѝ е под конец, но внатре се бори со сомнежи во себе, чувство на вина и анксиозност. Тешко се отвора, бидејќи верува дека мора да биде силна и корисна за сите. Кога нешто ќе излезе од контрола, Девицата се повлекува и страда во тишина.
Шкорпија
Шкорпиите се мајстори во криење на емоциите. Делуваат моќно, рационално и неповредливо, но нивната внатрешна борба е длабока и интензивна. Потиснатите чувства со текот на времето почнуваат да ги изедaат одвнатре. Ретко признаваат што им се случува и најчесто ја водат битката сами, без да побараат поддршка.
Вага
Вагите постојано се стремат кон хармонија и рамнотежа во односите. Секогаш изгледаат смирени, дипломатски и трпеливи – како да знаат што да кажат во секој момент. Но во таа нивна желба да го задржат мирот, ги потиснуваат сопствените потреби. Внатре во себе често се борат со неодлучност, тага и чувство дека никој не ги разбира. Нивниот немир е скриен зад насмевката



