Утрински Весник
Македонија

Тетовец со нож се заканувал на полицајци по сообраќајна кавга

Policija 4.jpg

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста”.

На 05.09.2025 во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.

Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол