Утрински Весник
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Brza pomos itna pomos ambulanta.jpg

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил.

Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.

Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

„Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот“, стои во соопштението на МВР.

Можете да прочитате

Николоски: Градскиот воз Драчево–Илинден ќе стартува најдоцна до 1 септември

Опозицијата на крстопат: Време за будење или почеток на политичка маргинализација?

Температурите до 36 степени, попладне дожд и грмежи