Утрински Весник
Балкан

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

1261562 shutterstock 2460102253 m.webp.webp
Dik 300x250 mk

Институтот за јавно здравство на Република Српска потврди случај на тифус кај студентка од Индија која студира во Фоча. Според информациите, станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно ја прележала болеста, а пред еден месец се вратила на настава со веќе присутни симптоми.

Од Институтот информираа дека веднаш биле преземени сите неопходни мерки за нејзино лекување и за спречување на ширење на инфекцијата. Сите лица кои биле во контакт со заразената, како и самата студентка, моментално се во добра здравствена состојба.

Надлежните здравствени служби продолжуваат со мониторинг на ситуацијата и со координација со локалните институции во Фоча, со цел да се спречи евентуално појавување на нови случаи

Можете да прочитате

Пожар во дом за стари лица во Тузла – девет загинати, повеќемина повредени

Во Косово не смее да се носи Хиџаб во училиштата: Забраната ја потврди Врховниот суд

Голем пожар во Загреб – горат автомобилски гуми