Утрински Весник
Македонија

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

Tepacka.webp.webp

На 04.11.2025 во 00:05 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода В.М.(43) од Охрид и Д.Ј.(37) од селото Лешани, општина Дебрца, кој во казино на истата улица агресивно се однесувале кон вработен во обезбедувањето.

Претходно, во СВР Охрид е пријавено дека во истото казино, Р.Б.(58) од селото Лешани, општина Дебрца, извршил оштетување на еден апарат, по што работникот на обезбедување физички го нападнал.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со американскиот претседател Доналд Трамп

Мајка од Тетово ја тепала малолетната ќерка, а десетмесечното бебе го оставала само