Утрински Весник
Магазин

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Mesecina.jpg

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава ќе го достигне својот полн обем околу 14:00 часот.

Супермесечината се јавува затоа што Месечината не орбитира околу Земјата во совршено кружна орбита, туку во елипса, поради што понекогаш е поблиску, а понекогаш подалеку во текот на годината, објави „Гардијан“. Во најблиската точка, Месечината е оддалечена околу 350.000 километри од Земјата, додека во најоддалечената точка е на далечина од околу 400.000 километри.

Утре, како и следниот ден, Месечината ќе изгледа осум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од просекот.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“