Утрински Весник
Македонија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Rokas Mihail.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амбасадорот на ЕУ во земјава Михаил Рокас, денеска пред пратениците во Собранието, ќе го презентира Извештајот на Европската комиисја за напредокот на Република Северна Македонија.

Како што објави МИА, во Извештајот, што денеска треба да биде официјално објавен, е нотирано дека Северна Македонија постигнала значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан.

„(Македонските) власти продолжија да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата“се вели во извештајот.

Сепак, во него се забележува дека земјата треба да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено заштитата на независноста и интегритетот на судството и да ја засили борбата против корупцијата, при што се оценува дека е постигнат „ограничен напредок“ во областа на судските реформи.

Како позитивен развој на настаните, во Извештајот се наведува формирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и се оценува дека земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување.

Европската комисија во документот посочува и дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека е една од државите што се приклучи на Конвенцијата за заеднички транзит, чија цел е забрзување на движењето на стоките преку границите. Во извештајот се повторува и претходно изнесениот став за потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен