Утрински Весник
Македонија

Мицкоски денеска во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ

Mickoski pres .jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денес попладне во Брисел ќе учествuva на Самитот за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз. Овој настан е замислен како средба на која високи претставници на ЕУ и на државите кандидати за членство ќе дискутираат за иднината на европската интеграција.

Ова е прв настан од ваков вид, на кој креаторите на политики, експертите и лидерите, преку телевизиски пренос во живо, ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: „Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?“

Се очекува Самитот да испита дали временскиот хоризонт за проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западен Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа. „Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив“, се наведува во најавата за настанот.

Можете да прочитате

Муцунски на затворањето на македонското претседателство со AII/EUSAIR: „Напредокот од ова претседателство покажа дека кога дејствуваме заедно, можеме да испорачаме резултати”

Филипче: Граѓаните добија уште едно признание –  во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши

Османи на Самитот за Одбрана во Атина