Утрински Весник
Македонија

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

Image 2025 11 03 150831835.png

На 02.11.2025 околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода  М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција.

Полициските службеници забележале патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв” со албански национални ознаки,  кое го управувал С.У., како се движат во близина на граничната линија со Република Грција. Исто така,  забележано  е и едно лице мигрант, кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во возилото „бмв”.

По преземени мерки возилата се сопрени и лицата се лишени од слобода, додека мигрантот е спроведен во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција