Утрински Весник
Македонија

Седум годишно дете прегазено во Тетово – Веднаш е пенесено во болница

Brza pomos.jpg

На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Благоја Тоска” во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните