Утрински Весник
Македонија

Филипче се жали на изборни притисоци, потврди дека СДСМ има само 6 градоначалници

Venko sdsm f 2.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест.

„Им честитам на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг на локалните избори. Според досега обработените податоци, покрај освоените три градоначалнички места во првиот изборен круг, СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци, досега тоа се вкупно шест градоначалници. Очекуваме конечни резултати од уште неколку општини каде разликата е многу мал број на гласови. Им честитам на сите избрани градоначалници од сите политички партии.” рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче укажа дека во изминатите две недели од вториот круг од локалните избори, се вршеше огромен притисок во сите општини каде што СДСМ имаше кандидати.

„Во изминатите две недели, во очи вториот круг на изборите, се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во сите 17 општини каде што влеговме во вториот круг. Не се бираа ниту средства, ниту методи, и тоа само говори дека се соочуваме повторно со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, која што практично ги злоупотребува сите институции што им се под контрола”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ

Уапсен несовесниот возач кој прегази 79-годишна жена и избега