Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Нашите кандидати добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат

Vredi vlen.jpg

Прес-конференција на портпаролот на ВРЕДИ, Дритон Сулејмани:

Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН.
Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност.


ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија своето избирачко право мирно и достоинствено, покажувајќи на тој начин висока демократска култура.

Истовремено, очекуваме од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе како и во првиот круг со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.

Според нашите информации од теренот, кандидатите на коалицијата ВЛЕН добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба.

ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветен на фер избори, почитување на секој глас и зајакнување на довербата во демократските процеси.

Можете да прочитате

Повредена жена во експлозија во охридско село

Променливо време со врнежи од дожд

Радуловиќ тврди дека само ургирала за пријатели, не учествувала во незаконски дејствија