Утрински Весник
Македонија

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

Black and white modern vote poster facebook gonderisi 2.jpg

Излезеноста до 15.00 часот во вториот круг на локалните избори на целата територија на државата е 27,19 проценти, одбјави Државната изборна комисија.

Најголема излезеност има во Крушево каде до 15.00 часот гласале 50,22%, а потоа следат Пробиштип со 49.04 и Росоман со 48,13 проценти.


Најмала излезеност има во скопските општините Сарај 6% и Чаир 8,83% и тоа воедно се општините кои во првиот круг имаа една од најголемите излезности.

Во скопските општини најмногу се гласа во Карпош каде излегле 32,4 проценти па следи Центар со 31,84 додека во Аеродром на гласање излегле 28,35 проценти од запишаните гласачи.

Можете да прочитате

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана

Димитриевски: Јас од плата не живеам, немам проблем со намалување на функционерските примања

Во Македонија од 61 лиценцирана фирма, на 14 им е одземена дозволата за производство на канабис