Утрински Весник
Македонија

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава

573604104 1130284812615378 5313875108870440894 n e1762075630460.jpg

На 01.11.2025 година во 13:10 часот во Тетово на ул. ,,Преспанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР -Тетово, согласно судска наредба, извршиле претрес во берберница, која ја користи Б.Л.(21) од Тетово.

При извршување на претресот не бил присутен Б.Л. и истиот е извршен во присуство на Х.А.(23) од Тетово, син на сопственикот на куќата под која се наоѓа бербеницата, Х.А. присилно ја отворил вратата, биле пронајдени и одземени, марихуана сместена во повеќе пакувања, 2000 празни ќеси, дигитална вага и пиштол „Зораки“ калибар 9 мм со една празна рамка во пиштолот.


По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пет нови линии од Скопје: Ќе се лета до Краков, Виена, Вроцлав, Сардинија и Сицилија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”?!