Утрински Весник
Спорт

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Kuzmanovski rakomet makedonija japonija.jpeg
Dik 300x250 mk

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете селекции го одиграа во рамки на ЕХФ неделата.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров заминаа на полувреме со гол предност, но во продолжението им дозволија на јапонските ракометари да го преземат водството и во 45 минута да поведат со највисоки 28-25.


Јапонија ја зачува предноста во неизвесна завршница во која македонските ракометари не успеаја да ги реализираат двата последни напади.

Серафимов со седум голови беше најефикасен во македонските редови, а Томовски на голот запиша 12 одбрани.

Во првиот натпревар одигран во четвртокот во Скопје, избраниците на Лазаров ја совладаа јапонската репрезентација со 29-27.

Македонските ракометари ги искористија двата контролни натпревари против Јапонија во рамки на ЕХФ неделата како дел од подготовките за настап на Европското првенство во јануари идната година.

Македонската репрезентација на завршниот турнир ќе игра во групата Б во данскиот град Хернинг против домаќинот Данска (16 јануари), Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони