Утрински Весник
Македонија

Скопјанец направил хаос: Прво се тепал, па „дувнал“ 1,85 промили алкохол

1761568056 policija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

40-годишен скопјанец ноќеска, десет минути по полноќ, е приведен од полицијата. Тој претходно го нарушил јавниот ред и мир на подрачјето на Кисела Вода, откако физички се пресметал со 39-годишник од Вевчани.

Полициските службеници кои интервенирале му направиле алкотест, при што дрегерот покажал високо присуство на алкохол.


„На 01.11.2025 во 00:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа В.Т.(40) од Скопје. Претходно, тој на подрачјето на Кисела Вода во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Г.К.(39) од Вевчани, а при преземање мерки полициски службеници извршиле алкотестирање со дрегер и констатирани е дека има 1,85 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата