Утрински Весник
Спорт

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Img 0331.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Силекс, беа анализирани две клучни судиски ситуации кои го одбележаа крајот на мечот и уште еднаш ја потврдија важноста на ВАР-технологијата за праведно судење.

Во 85. минута, гостинскиот голман интервенираше надвор од казнениот простор, без контрола на топката, и со двете раце го задржа противничкиот напаѓач додека голот остана празен. Главниот судија реагираше веднаш и покажа директен црвен картон — одлука што подоцна беше оценета како целосно исправна. Ситуацијата предизвика бурни реакции, но стручната анализа потврди дека станува збор за јасно спречување на очигледна шанса за гол.


Втората спорна ситуација се случи во судиското продолжение, во 90+6 минута, кога одбранбен играч на Силекс играше со рака во шеснаесетникот. Главниот судија, поради блокирано видно поле, не ја забележа ситуацијата во живо. По преглед на снимката преку ВАР-системот, беше досуден пенал за Вардар. Анализата потврди дека контактот со раката бил во неприродна положба, што го прави потегот на дефанзивецот ризичен, иако без потреба од дополнителна дисциплинска мерка.

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги потврди исправноста на двете одлуки, нагласувајќи дека ВАР уште еднаш одигра пресудна улога во донесувањето на точни и правични судиски одлуки.

Оценката на Одборот е дека технологијата не само што ја зголемува прецизноста, туку и ја зајакнува довербата во спортската правда — особено во најнапонатите моменти на натпреварите од македонската лига.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025