Утрински Весник
Балкан

Бугарија привремено го ограничува извозот на нафтени деривати

Bugarija 1.webp.webp

Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.

Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски компании, вклучително и „Лукоил“, кој управува со најголемата рафинерија за нафта во Бугарија.


– Во контекст на намалената предвидливост на снабдувањето, привремена забрана за извоз и испораки во рамките на ЕУ се воведува како пропорционална и неопходна мерка за заштита на јавниот интерес, истакнаа авторите на предлогот.

САД минатата недела воведоа санкции насочени кон руските нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“, вклучително и замрзнување на сите нивни средства во САД и забрана за сите американски компании да соработуваат со нив. Компаниите што работат со „Росњефт“ и „Лукоил“ може индиректно да бидат санкционирани.

Исклучоци се дозволени за полнење гориво на локални и странски бродови и авиони, како и за испораки на вооружените сили на НАТО или на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ, кога тоа е поврзано со заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Можете да прочитате

Двајца загинати во превртување автобус со српски таблички во Хрватска

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба