Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот

20251031165337 big 730x400 90.webp.webp

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски во изјава за Канал 5 потенцира дека решението за проблемот со сметот го гледа во преземање на ингеренциите од Комунална хигиена и формирање на општинско претпријатие.

Во однос на сообраќајниот метеж, тој истакнува дека има проект којшто е ревидиран за затворање на Дебар Маало со што ќе се ослободи просторот во оваа населба.


„Имавме неколку состаноци со Министерството за внатрешни работи. Затворањето на Дебар Маало ќе биде пример за затворање на други населби кадешто граѓаните бараат и има реална потреба”, рече Герасимовски.

Во делот на Маџир Маало, Герасимовски посочи дека во завршна фаза е ДУП-от, односно истиот е пред Совет којшто не се изгласа.

Герасимовски, информираше дека по расчистувањето на депонијата под Кале, договорено е со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” целиот тој дел да се уреди, да се асфалтира, да се обележат паркинг места и да се постават рампи каде што ПОЦ ќе го стопанисува.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост