Утрински Весник
Скопје

ДКСК ќе проверува дали „Систина“ му е донатор на Лукровски

Lukrovskisistina.jpg

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ветува поволности за жителите на таа општина во болницата „Аџибадем Систина“, објави „Призма“.

Антикорупционерите за БИРН велат дека она што тие може да го испитаат е дали приватната болница е донатор на неговата кампања.


Според Изборниот законик, фирми може да финансираат кампања во износ до 30 илјади евра, а како донација се сметаат не само пари туку и давањето бесплатни услуги на учесникот во изборната кампања.

Според досега објавените извештаи за финансирање на кампањата, оваа компанија не е меѓу тие што ѝ дале пари на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е Лукровски.

Лукровски, во последната недела од кампањава, ветува дека ако тој стане градоначалник, секој месец, по 10 жени над 50 години, во следните четири години ќе може бесплатно да направат преглед за остеопороза во „Систина“, која ја нарекува општествено одговорна компанија.

Можете да прочитате

Герасимовски: Живите статуи повторно во Центар, десет години „Статуафест – Другото лице на улицата”

Камери на над 200 локации во Скопје – Ѓорѓиевски најави и парични награди за тие што ќе пријават вандализам

Ѓорѓиевски: Проектот кај „Лимак“ ќе го реши сообраќајниот метеж во Скопје за наредните 100 години