Утрински Весник
Магазин

Нов ризичен сексуален тренд ги загрижува лекарите: Што е „омораши“ и зошто може да биде опасен?

Adsiz tasarim 14 1.jpg
Dik 300x250 mk

Додека паровите постојано бараат нови начини да внесат возбуда и различност во спалната соба, експертите предупредуваат на појава на необичен и потенцијално опасен сексуален тренд наречен „омораши“. Станува збор за фетиш кој вклучува сексуална активност со полн мочен меур – нешто што според лекарите може да предизвика сериозни здравствени последици, пренесува Unilad.

Терминот „омораши“ потекнува од јапонскиот јазик и буквално значи „мокрење“. Овој фетиш подразбира намерно одложување на мокрењето до крајни граници, често по барање на партнерот. Според сексуалната едукаторка Џиџи Енгл, целта е да се зголеми сексуалното возбудување преку физичкиот притисок на полниот мочен меур.


„Тоа е форма на контрола на мочниот меур каде што едно лице го држи мочниот меур полн, обично на барање на доминантниот партнер“, објаснува Енгл. „Некои луѓе веруваат дека со тоа можат да доживеат поинтензивни оргазми, бидејќи отечениот мочен меур создава дополнителен притисок врз вагиналниот и клиторичниот комплекс.“

Овој фетиш, како што додава таа, е тесно поврзан со БДСМ-културата и игрите на доминација и потчинување. Контролата врз основните телесни функции на партнерот може да претставува силен еротски поттик за одредени лица.

Но, лекарите предупредуваат дека зад ваквите практики се кријат големи здравствени ризици. Д-р Сузан Вајли, матична лекарка, истакнува дека задржувањето на урината подолг период може да предизвика инфекции на уринарниот тракт, воспаленија и дури оштетувања на бубрезите.

„Мочниот меур е мускулен орган кој има своја граница. Ако постојано го форсирате да задржува повеќе отколку што може, мускулите ослабуваат, а ризикот од инфекции нагло расте“, објаснува Вајли.

Освен тоа, сексуалниот однос со полн мочен меур може да биде болен и да предизвика дополнителен притисок врз чувствителните органи.

Иако „омораши“ можеби изгледа како нешто ново и возбудливо во интимниот живот, стручњаците предупредуваат дека зад моменталното задоволство може да стојат долгорочни здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Овие три хороскопски знаци во ноември ќе се соочат со деловни предизвици

Работник на крузер откри во која земја одбива да работи: „Културниот шок е преголем“

Драма во живо: Српската водителка Маша Зиповски се онесвести за време на пренос на Бинго