Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките

Slika 30.10.2025.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром.

Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје.


Издвоени се 40 милиони денари за набавка на околу 880.000 килограми домашно овошје. Во текот на три месеци, секое дете ќе добива еден килограм овошје неделно, односно по два вида овошје неделно, кое ќе се консумира во градинките како дел од дневната ужинка.

За првпат се предвидени и количини на овошје од органско потекло, што претставува дополнителен квалитет во исхраната на најмалите.

Оваа Програма претставува инвестиција во здравјето на најмалите, градење на навики за здрава исхрана од најрана возраст и конкретна поддршка за македонските земјоделци.

Преку директната набавка на домашно овошје, Министерството придонесува за зајакнување на земјоделското производство и обезбедување стабилен пазар за земјоделците.

„Децата заслужуваат „Македонско најдобро” од најмала возраст. Секое дете заслужува здрава исхрана, а секој земјоделец заслужува поддршка. Заедно градиме здрава иднина за децата и одржлив развој за македонското земјоделство”, истакна министерот при посетата на градинката „Срничка”.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во нередниот период ќе продолжи со реализација на Програмата.

Можете да прочитате

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања

Давкова на вечера со Макрон