Утрински Весник
Македонија

Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола

571234822 1127810106196182 2349147375441123464 n.jpg

На 29.10.2025 во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ.

Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал.


Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика

Врховниот суд објави образложение за укинување на пресудата на Апелација за Ласкарци

Проблем во системот за регистрација на возила – МВР потврди дека има технички пречки