Утрински Весник
Економија

Со потпишување на „Декларација Скопје“ завршува 14. Глобален форум за одржлива енергија

20251029155901 big 730x400 94.webp.webp
Dik 300x250 mk

Четиринаесеттиот  Меѓународен форум за енергија за одржлив развој денеска ќе се заокружи со потпишување на „Декларација Скопје“ која ќе ги обедини заложбите и заклучоците од тридневниот настан.

Декларацијата за која свои сугестии можеа да дадат сите учесници на Форумот, ја потенцира потребата од конкретна акција кон одржлива енергија што е дел и од овогодинешното мото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија.


На 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (14-IFESD), што се одржува од 28 октомври во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), УНДП и петте регионални комисии на Обединетите нации (UNECE, UNECA, ESCAP, ECLAC и ESCWA), присуствуваа владини претставници, експерти, претставници на меѓународни организации, финансиски институции и индустриски лидери – клучните луѓе што ја обликуваат енергетската иднина на регионот и пошироко.

Над 500 учесници од повеќе од 70 земји дискутираа за новите насоки на енергетската транзиција, иновациите и одржливите решенија што ќе ја дефинираат енергетската политика на иднината.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Лукоил ја прифати понудата – eве кој го купува рускиот гигант