Утрински Весник
Македонија

Поранешен директор и вработени под истрага за злоупотреба на службени патувања

Policija 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, поради сомнение дека сторил кривично дело „проневера во службата“ согласно член 354 став 1 од Кривичниот законик.

Пријави се поднесени и против Ф.М., поранешен заменик директор, како и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., сите вработени во агенцијата, кои се товарат за помагање при извршување на делото.


Според полициските информации, во периодот од 2017 до 2020 година, З.А. во својство на директор повеќепати земал дневници за службени патувања во странство во износ од 50%, иако според важечката Уредба требало да му следуваат само 20%, бидејќи сместувањето и исхраната не биле на товар на институцијата.

Неговиот заменик Ф.М. со потпишување на решенијата за патувања му овозможил незаконски да ги присвои парите, додека дел од административните службеници изготвувале и одобрувале решенија и исплати спротивно на прописите.

На тој начин, според пријавата, З.А. се стекнал со противправна имотна корист во висина од 62.530 денари, на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Можете да прочитате

Давкова на вечера со Макрон

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Кочински: Граѓаните можат паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19