Утрински Весник
Македонија

Советниците од ДУИ прво одбија, потоа примија уверенија на двојазичен формат

573035682 24797131529926422 5356888537335534772 n.jpg

Тензично започна процесот на конституирање на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) одбија да ги примат уверенијата за избор на советници, бидејќи, како што истакнаа, документите биле издадени само на македонски јазик.

Според нив, со тоа се прекршува Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на двата службени јазици.


По реакцијата, за само неколку часа биле подготвени нови уверенија на македонски и албански јазик, кои потоа ги примиле и советниците од ДУИ.

Останатите членови на Советот, меѓу кои и новоизбраните претставници од коалицијата ВЛЕН, ги примија уверенијата без забелешки. Со ова формално започнува работата на новиот состав на Советот на Град Скопје.

Уверенијата се потпишани од претседателката на Изборната комисија на Град Скопје, Марија Мошев.

Можете да прочитате

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Мицкоски го претстави новиот ИК: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар