Утрински Весник
Свет

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

20251018121404 big 730x400 38.webp.webp

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет денеска изјави дека американските сили извршиле три напади во Тихи Океан и уништиле четири бродови кои превезувале наркотици.

– По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, Министерството за војна спроведе три смртоносни кинетички напади врз четири бродови управувани од означени терористички организации, кои тргуваат со наркотици во источниот дел на Пацификот. Четирите бродови беа познати на нашиот разузнавачки апарат, се движеа по познати рути за трговија со наркотици и транспортираа наркотици, објави Хегсет на платформата Икс.


Тој додаде дека во нападите убиени се вкупно 14 наркотерористи, а еден преживеал, беа убиени за време на трите напади, а еден преживеал и по него се трага.

– Министерството помина повеќе од две децении бранејќи ги другите татковини. Сега ја браниме нашата. Овие наркотерористи убија повеќе Американци отколку Ал Каеда и тие ќе бидат третирани исто. Ќе ги следиме, ќе ги поврземе во мрежа, а потоа ќе ги ловиме и ќе ги убиеме, посочи Хегсет.

Можете да прочитате

Во Оман почнаа американско-иранските преговори

Во Москва застрелан руски генерал

Пад од 124.000 на под 63.000 долари – што се случува со биткоинот?