Утрински Весник
Економија

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

Penzioneri.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува.

На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно.


– Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година и во септември исто така имајќи предвид дека просечната плата природно ќе расте. Поради недостигот на работна сила и целиот природен процес што се случува во економијата очекуваме дека ќе има раст на пензиите и понатаму, но ќе биде согласно законот – изјави Димитриеска-Косчока.

Можете да прочитате

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти