Утрински Весник
Балкан

Во Албанија забрзано се шири австралискиот грип

Grip16d Original.jpg

Албанија се соочува со значително зголемување на респираторните инфекции, додека австралискиот грип почна да ги загрижува здравствените власти.

Според Институтот за јавно здравје, досега се пријавуваат околу 12 илјади случаи неделно.


-Пациентите кои се јавуваат во здравствените центри се со симптоми, како што се висока температура, кашлица, бронхитис и често отитис -воспаление на средното уво, изјави Артан Симаку од Институтот.

Тој нагласи дека австралискиот грип пристигнал порано оваа година, како што се случува и соседните земји, како Италија и оти во Европа циркулираат AH1N1 и AH3N2.

-Имаме вакцини против сите овие вируси, па затоа вакцинацијата сè уште се препорачува за да се спречат компликации, додава Симаку.

Посочува дека грипот, КОВИД-19 и другите респираторни вируси ја влошуваат состојбата кај најмладите, особено кај децата до 5-годишна возраст, што, според него, ја прави неопходна зголемена грижа и навремена вакцинација.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31