Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата

Mickoskigob.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкoски при посетата на ГОБ “8-ми Септември”  одговори на новинарско прашање во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека Владата работи катастрофално и кажа дека изјавите на Филипче се контрадикторни и какафонични бидејќи Филипче дава свој суд за работата на Владата а за истиот тој период не ја оценува својата работа како претседател на СДСМ и вели дека тоа време е прекратко.


„Па добро, сега Венко Филипче е претседател на сеуште најголемата опозициска партија во Македонија тој, нормално да ја оценува така Владата бидејќи мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните, тој ја оценува Владата за својата работа за година и половина нецели еве во декември ќе биде одкако е избрана и тука дава свој суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателствување за истиот период во СДСМ. Ако за тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за истиот период како таа работи. Мислам изјавите се какафонични и една со друга контрадикторни, не мислам дека тоа е правата порака којашто треба СДСМ да ја испраќа но добро, тоа си е нивна работа тие знаат како најдобро како треба“ нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември