Утрински Весник
Балкан

Македонец осуден за трговија со дрога екстрадиран од Албанија во Австрија

Francija radikalna desnica.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Албанските власти денеска го екстрадираа во Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан, осуден на пет години затвор за трговија со дрога.

Како што објавија медиумите, постапката за екстрадиција е резултат на координација меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија.


Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, бил баран со меѓународна потерница, откако судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога.

Дваесет и деветгодишниот Гитлан бил уапсен на почетокот на минатиот месец на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница, при излез од Албанија.

Екстрадицијата е спроведена во рамки на меѓународната соработка за борба против организираниот криминал и трговијата со дрога.

Можете да прочитате

Полиција во Сплит заплени над 10.000 пиротехнички средства

Силен земјотрес вечерва го вознемири јадранскиот регион

Преку лажни профили како деца до порнографија – Осум уапсени во Србија