Утрински Весник
Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Pretepan vo novo mesto snimka.jpg
Dik 300x250 mk

На социјалната мрежа Икс се појави видео од монструозната тепачка што се случила ноќта помеѓу четвртокот и петокот во Ново Место, Словенија, кога еден маж бил брутално нападнат, по што претрпел сериозни повреди на главата и подоцна починал. Инцидентот се случил кратко по 2:30 часот наутро на улицата Розманова.

Ова е видео-снимката од претепувањето на Словенецот:


Како што веќе објавија тамошните медиуми, до овој кобен момент дошло откако жртвата, Алеш Шутар, бил повикан од својот син, да дојде пред клубот „ЛокалПатриот“ во Ново Место. Синот на таткото му кажал дека група мажи му се закануваат.

Таткото, познат работник во ресторан од Ново Место, пристигнал на местото на настанот, каде што бил нападнат и претепан, а за време на нападот го изгубил пулсот.

Брзата помош успеала да го реанимира, но тој сепак починал кратко пред 22 часот, поради добиените повреди на главата.

Словенија е на нозе по овој инцидент. Министрите за правда и за внатрешни работи во владата на Роберт Голоб поднесоа оставки.

Градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони, рече дека трагедијата длабоко ја потресла целата заедница и дека „силно ќе одекне во јавноста“.

„Овој настан јасно покажува дека владата и одговорните не ги препознале ниту ги решиле проблемите што се присутни долго време. Луѓето претрпеа доста. Ова беше последната капка во кашата. И оние во Љубљана мора да разберат дека нема враќање назад“, рече Мацедони.

Според него, полицијата мора да дејствува веднаш и порешително од порано. „Доколку е потребно, мора со многу остри мерки да покажеме дека сакаме безбедност“, рече тој.

Под силно полициско обезбедување, премиерот Голоб пристигна на средба со локалната заедница во Ново Место.

„Разбирам дека сите чувствуваме болка, гнев и страв. Но, не смееме да се поведуваме по повиците за одмазда и оружје, туку време е да се стави крај на ситуацијата што е резултат на децениско занемарување на ова прашање“, изјави тој, најавувајќи дека конкретните мерки ќе бидат презентирани во вторник. „Верувам дека со предлозите радикално ќе интервенираме во некои области“, нагласи премиерот Голоб.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји