
Кукла со лик на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обесена на градежен кран во североисточна Турција предизвика гнев во Израел, пренесува ДПА.
Фотографиите објавени од турскиот провладини весник „Јени Сафак“ покажуваат кукла како виси од кран во градот Трабзон на Црното Море. Над неа, на постер пишува „Смртна казна за Нетанјаху“.
Нема информации кој стои зад ова, но случајот веднаш предизвика остри реакции во Израел.
Израелското Министерство за надворешни работи, на X соопшти дека куклата ја изработил турски академик и дека „со гордост му помогнала државна компанија“.
– Турските власти не се дистаннцираа од ова срамно однесување. Во Турција на Ердоган, омразата и антисемитизмот не се осудуваат. Тие се слават, се вели во обајавата.
Израелското МНР забалежува дека универзитетот во Трабзон е во државна сопственост.
Досега нема никаква реакција од Турција.
Односите меѓу Турција и Израл се влошија по масакрот извршен од Хамас на 7 октомври 2023 година и израелската воена интервенција во Појасот Газа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинува Нетанјаху за „геноцид“ во Газа. Турција беше еден од посредниците во постигнувањето на најновото примирје меѓу Израел и Хамас



