Утрински Весник
Македонија

Николоски: Од утре нови 11 директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Aleksandar nikoloski 2.jpg
Dik 300x250 mk

Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре. Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туристите од Франција и Германија, затоа што ова е таканаречениот европски аеродром што ги спојува овие три држави, истакнува министерот за транспорт Александар Николоски.

Додава дека од Скопје ќе се лета кон Стокхолм на главниот аеродром, ќе се лета за Штутгарт, за Бари, Ларнака-Кипар и сето тоа започнува од утре 27 октомври.


-А веќе од следниот понеделник од 3 ноември, ќе се лета кон Женева, исклучително значајна дестинација која покрај за туристи, сметам дека ќе донесе и многу бизнисмени во Скопје, понатаму Мадрид, а од 15 декември и кон Прага и Келн.

Ако на ова додадеме дека од април ќе се лета кон Будимпешта и Неапол, ова е целосната слика што ја прави Владата за да привлече нови авиолинии кои што се субвенционирани за оние кои што доаѓаат во Охрид и Скопје, затоа што субвенциите се наменети за патник во доаѓање. Ваква револуција во авиосообраќајот не е видена со децении и затоа ова е најдобар поттик да работиме во следниот период. Расте бројот на патници на скопскиот и на охридскиот аеродром, расте бројот на туристи во Македонија и вака ќе продолиме да ја развиваме Македонија.

Нека е со лесно, добредојде на сите кои ќе слетаат во Охрид и Скопје и пријатно патување, нагласува Николоски.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница