
Двајца осомничени за кражба на скапоцен кралски накит од музејот Лувр во Париз беа уапсени денес, пренесуваат француските медиуми, објави Б92.
Според весникот „Ле Паризиен“, станува збор за мажи од париското предградие Сен-Сен-Дени, а еден од нив бил уапсен додека се обидувал да се качи на лет на аеродромот Шарл де Гол.
Кражбата се случила минатата недела во недела, кога четворица крадци вооружени со електрични алати упаднале во најпосетуваниот музеј во светот сред бел ден. Од музејот Лувр биле украдени вредни предмети. Францускиот министер за правда признал дека „безбедносните протоколи не успеале“, што, како што рекол, ѝ дало на земјата „ужасна слика во светот“.
Бандата пристигнала во 9:30 часот наутро, кратко по отворањето на музејот, користејќи механички кран монтиран на возило за да влезе во галеријата Аполо преку балкон во близина на Сена. Двајца крадци влегле низ прозорецот, кој го исекле со електрични алати, се заканиле на обезбедувањето и скршиле две витрини со накит.
Истрагата покажала дека една третина од собите во тој дел од музејот немале безбедносни камери. Според полицијата, крадците поминале само четири минути во музејот и избегале со два скутери кои ги чекале надвор.
Француските власти ги засилија безбедносните мерки во сите културни институции низ целата земја по инцидентот.



