Утрински Весник
Магазин

Финалето на „Stranger Things“ ќе има премиера в кино на 31 декември

20251023224356 big 730x400 22.webp.webp
Dik 300x250 mk

Долгоочекуваната последна епизода на серијата „Stranger Things“ ќе го има своето прво прикажување в кино, и тоа вечерта пред Нова година. Но, обожавателите ќе може да ја погледнат и на 1 јануари 2026 година.

„Прилично сме возбудени што обожавателите ќе имаат можност да ја доживеат последната епизода од „Stranger Things“ в кино – тоа е нешто за коешто сонуваме со години. Да се ​​види на големото платно, со неверојатен звук, слика и просторија полна обожаватели, се чини како нешто совршено. Се извинувам, но ќе се осмелиме да кажеме – ова е начин да се прослави крајот на оваа авантура“, изјавија креаторите на ТВ-серијата, Мет и Рос Дафер.


Стрим-платформата Нетфликс објави вчера дека ќе има проекции во над 350 киносали во САД и Канада за двочасовното финале – насловено „Вистинската страна нагоре“ (The Rightside Up). Ова е првпат, воопшто, ТВ-епизода во продукција на Нетфликс да се прикажува во кино, објави „Варајети“ (Variety).

„Последната битка се заканува – а со неа, и темнината помоќна и посмртоносна од сè со што (главните ликови) се соочиле досега. За да го завршат овој кошмар, ќе им требаат сите – целата група да застанат заедно. Уште еднаш, за последен пат!“, се вели во описот на последната епизода.

Претпоследните 2 епизоди првпат ќе се прикажуваат на 26 ноември.

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци остануваат смирени во секоја ситуација

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац