Утрински Весник
Магазин

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – почнува зимското сметање на времето

Zimsko Smetanje Na Vreme.jpg
Dik 300x250 mk

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Промена на времето во земјава е врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.


Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Промената на времето практично значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час подолго, а носи и подолгорочни промени: ќе се разденува порано, но исто така и ќе стемнува порано.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Можете да прочитате

Утре се слави споменот на светата маченичка Злата Мегленска

Промена во „Ѕвезде Гранда“: Дара Бубамара не се појави на снимање, познато која пејачка ќе ја замени

Доколку боледувате од оваа болест, никако не јадете кисела зелка!