Утрински Весник
Свет

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот

20251024132906 big 730x400 67.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во главниот град на Индија, Њу Делхи првпат е предизвикан вештачки дожд во обид да се ублажи големото загадување на воздухот.

Регионалната Влада на Њу Делхи во соработка со Индискиот технолошки институт во Канпур вчера извршија експеримент за вештачко предизвикување на дожд. Едномоторен авион Цесна истрела ракета со хемикалии наменети за распрснување на облаци и поттикнување на дожд.


Целта на проектот е со вештачки предизвикан дожд да се намали концентрацијата на штетни честички во воздухот, кои во зимските месеци достигнуваат опасни нивоа по здравјето на луѓето.

Владата планира, доколку тестот се покаже како успешен, да спроведе поширока кампања за вештачко предизвикување дожд во текот на наредните недели за привремено подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на ризиците по здравјето на жителите.

Можете да прочитате

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир

Група облечена како Дедо Мраз украде храна во Монтреал за да ја подели на сиромашните

Сојузниците губат доверба во САД по политика на Трамп