Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Додека градските власти спијат, ние го чистиме градот

Orce Gjorgjievski.jpg

Денешниот празничен ден, дел од актуелните и кандидати за градоначалници во скопските општини покренаа акција и се организираа за собирање на комуналниот смет.

Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во својата објава истакна дека нема да дозволат да се загрози здравјето на граѓаните поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена”


– Честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” да се загрози здравјето на нашиот народ. За неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Огромно благодарам до општина Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено одговорните компании кои помогнаа, објави Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост