Утрински Весник
Македонија

Се снимал додека пукал, уапсен млад тетовец

Pistol e1729951316389.jpg

СВР Тетово информира дека е лишен од слобода 21-годишник од Голема Речица кој бил пријавен дека пукал на семејна веселба и потоа тоа го објавил на социјална мрежа. Случајот бил пријавен вчера во 10 часот, а 21-годишникот е пријавен ноќеска во 00:50 часот.

-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од с.Голема Речица, постапувајќи по претходна пријава дека во 10:00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв” со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа. Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки” со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола, соопшти СВР Тетово.


Според информациите на тетовската полиција тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок

Можете да прочитате

Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Свечено отворен Лекторат по македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево