Утрински Весник
Економија

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Ujp.webp.webp
Dik 300x250 mk

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека направи техничка надградба на своите електронски системи со цел користењето на истите да биде уште полесно и поедноставно.

Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот станува поедноставен и побрз. Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-Персонален данок.


Имплементиран е и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот достапен на линкот кон кој ве води самото апликативно решение.

Со воведување на оваа можност сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи.

Како дел од процесот на унапредување, во текот на вчерашниот ден се појавија краткотрајни технички предизвици. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање во тие моменти.

Доколку се соочите со какви било потешкотии или ви е потребна техничка помош или поддршка, контактирајте го ИНФО ЦЕНТАРОТ на Управата за јавни приходи.

Контакт телефон: 0800 33 000 (од фиксни линии), 02/3253 200 или е-пошта: info@ujp.gov.mk.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во август 45 310 денари

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Триглав Осигурување Живот АД Скопје се приклучува на Women on Boards Adria за поддршка на женското лидерство во осигурувањето