Утрински Весник
Македонија

“Онкологија1”: Трите сведоци на денешното судење застанаа во одбрана на Васев – се откажаа од прогон

Nino vasev 1.jpg
Dik 300x250 mk

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 1“, сведочеа пациенти и роднини на лица кои се лекувале на Клиниката за онкологија. Една од оштетените, пациентка со дијагноза рак на дојка, изјави дека лекувањето го започнала во Виена, а потоа го продолжила во Скопје кај докторите Мери Пешевска и Нино Васев, при што нагласи дека не се приклучува кон кривичниот прогон против Васев.

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше и Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија.


Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. По пренасочување кај доктор Никола Васев, таа започнала имунолошка терапија, која според сведокот, ѝ овозможила да живее со канцер тип 5 цели 13 години.

-Мајка ми не сакаше да прима хемотерапија бидејќи не сакаше да ѝ падне косата. За цела среќа кај доктор Нино Васев се падна лекувањето и примаше имунолошка терапија. Благодарна сум на доктор Нино Васев што мајка ми живееше толку долго со канцер тип 5, изјави Соколова Ристова.

Таа нагласи дека не бара оштета и не се чувствува оштетена, додавајќи дека доктор Васев за неа е „Господ“.

Како сведок се јави и друга пациентка, која исто така не се приклучи на кривичниот прогон и посочи дека терапијата ја примала според насоки на лекарите, со редовни контроли на срцето поради онколошката терапија.

Судењето е во фаза на доказна постапка, а денешното рочиште вклучуваше читање на докази од страна на Обвинителството кои, меѓу другото, вклучуваа списи од пронајдени лекови во канцеларијата на Васев.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска. Судењето продолжува на 5 ноември 2025 година.

Можете да прочитате

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна, Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, вели Османи