Утрински Весник
Економија

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

20251021123623 big 730x400 67.webp.webp
Dik 300x250 mk

Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, е темата на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), што ќе се одржи во Скопје од 28 до 30 октомври. Домаќин на форумот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA i ESCWS). 

Од МЕРМС денеска најавија дека Форумот ќе обедини над 600 учесници, владини претставници, меѓународни организации и банки, академската заедница, приватниот сектор и граѓански организации, од 70 држави.


Како што соопштија постојаниот претставник на УНДП во Скопје Армен Грегоријан и министерката Сања Божиновска, ќе се понуди сеопфатна перспектива за глобалната енергетска транзиција преку споделување национални и регионални стратегии за забрзување на чиста енергија, претставување на иновативни технологии и решенија од меѓународни организации, приватниот сектпр и академијата. Исто така, ќе бидат промовирани механизми за финансирање и партнерства и обезбедување инклузивно учество на младите, жените и граѓанското општество. 

– На организацијата работевме една година, форумот е многу  значаен, обезбедивме над 150 експерти кои ќе бидат панелисти на 35 сесии. Форумот ќе заврши со заедничка декларација, изјави министерката Божиновска. 

На отворањето на форумот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката Божиновска и извршната секретарка на UNECE  Татијана Молкеан.

Форумот IFEsD-14 во Скопје ќе се надоврзе на резултатите од минатогодишното издание, што се одржа во Бангкок, а со цел да да обезбеди платформа за конкретни акции и политики кои ќе ја забрзаат  праведната и инклузивна енергртска транзиција.

Можете да прочитате

Стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра, над 3.000 евра за квадратен метар

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

УЈП: Навремено поднесете ги ддв-04 пријавите и платете го даночниот долг за третиот квартал од 2025 година