Утрински Весник
Македонија

Кривичната и Казнената евиденција за странски државјани ја презема МВР

Krivichniot sud.webp.webp
Dik 300x250 mk

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека кривичната и казнената евиденција за странски државјани ќе се проверува преку Министерството за внатрешни работи.

– Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република С. Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Имено, странските државјани не треба повеќе самостојно да обезбедуваат потврди од судовите. Проверките по однос на казнена и кривична евиденција ќе ги врши Министерството за внатрешни работи по службена должност во рамки на постапката за одобрување или продолжување на престојот – наведуваат од Кривичен.


Со оваа измена, се посочува, се овозможува побрзо и поедноставно спроведување на постапките за регулирање на престојот на странските државјани, при што се скратува времето потребно за прибавување на потребната документација, наведуваат од Скопскиот Основен кривичен суд.

Можете да прочитате

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија