Утрински Весник
Свет

Одложена најавената средба Рубио-Лавров – 24info.mk

Usa Russia.webp.webp

Најавената средба на американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров закажана за оваа недела засега е одложена, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани добро упатени извори.

Со ова одложување на средбата на шефовите на дипломатиите на САД и Русија се одложува и очекуваната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателот на Русија Владимир Путин, навеле изворите.


Трамп во четвртокот по телефонскиот разговор со Путин рече дека двајцата „се договориле дека следната недела ќе се одржи средба на советници на високо ниво“.

Можете да прочитате

Франција распоредува борбени авиони во Литванија

Трамп: „Куба е следна“ – 24info.mk

Сексуалната злоупотреба се почеста во Германија