Утрински Весник
Македонија

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија

Jkp sar.jpg

Во Тетово денеска е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на главната водоводна линија Лешница, информираа од ЈКП „Шар“.

Според соопштението, непознати лица со остри алатки ја оштетиле мрежата, по што екипите на јавното претпријатие веднаш излегле на терен и работат со полн капацитет за санација на дефектот.


„Нашите екипи се ангажирани без прекин со цел што побрзо нормализирање на водоснабдувањето,“ наведуваат од ЈКП „Шар“, апелирајќи граѓаните да покажат разбирање додека траат поправките.

Од претпријатието уверуваат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по санацијата на оштетената линија.

Можете да прочитате

 Лажен полицаец му зел 3.500 евра на граѓанин

Уапсени двајца скопјани – полицијата ги фати со дрога

Пензионер пронајден починат во својот дом во Куманово