Утрински Весник
Македонија

ТДП со историски резултат, доби над 13 илјади гласови и 21 советничко место низ Македонија

1760954390 1a4b9.jpeg
Dik 300x250 mk

На вчерашните локални избори во Северна Македонија, Турската демократска партија (ТДП) постигна историски резултат, освојувајќи 13.328 гласови и обезбедувајќи 21 советничко место низ државата – на своите први еднопартиски избори во историјата.

Во официјалното соопштение, партијата изрази гордост и благодарност до сите граѓани кои ја поддржале:


„На вчерашните локални избори, ние, како Турска демократска партија, сме горди и почестени што победивме со голем успех за прв пат во нашата историја, во кои учествувавме сами. Во текот на кампањата тропнавме на секоја врата, стигнавме до секој дом и допревме до секое срце. Овој процес ја зацврсти довербата на граѓаните во ТДП,“ стои во партиското соопштение.

Од ТДП посочуваат дека со освоените 1.768 гласови во трите општини каде што настапија со свои кандидати за градоначалници, ја потврдиле важноста на партијата на локално ниво.

„Иако се појавивме како прва партија со голема разлика во Централна Јупа, изборите таму ќе бидат повторени поради недоволна излезност. Тоа за нас е нова можност за уште поголема победа,“ наведуваат од партијата.

Во Плашница, според ТДП, партијата постигнала одличен резултат благодарение на ангажманот на локалната организација и кандидатот за градоначалник, додека во Конче бил забележан напредок и покрај ниската излезност.

Партијата им честита на сите новоизбрани советници, уверена дека тие „ќе служат посветено за најдобрите интереси на народот во следните четири години“.

ТДП изразува благодарност и до сите поддржувачи во општините каде што не освои советнички места, потенцирајќи дека резултатите покажуваат растечка јавна поддршка низ целата земја.

„Никогаш нема да ја изневериме довербата на нашиот народ; ќе работиме со сета сила за понатамошно зајакнување на нашиот пристап кон услугите на локално ниво и за подигнување на ТДП на уште поголеми височини секој ден,“ порачуваат од партијата.

Во завршницата, Турската демократска партија им честита на сите градоначалници кои победија во првиот круг и најавува дека во општините кои ќе влезат во втор круг ќе спроведе внимателни консултации „во согласност со чувствителноста и заедничките интереси на турската заедница“.

„Овој успех е успех на сите нас. Успеавме заедно, растеме заедно, чекориме кон иднината заедно,“ стои на крајот од соопштението на ТДП.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија