Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69% од гласовите и обезбеди советник во Советот

Konce20251.jpg

Соопштение за јавност на Демократски сојуз:

Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи,  Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените.


За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” , предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упатува честитки до носителот на листата Јонче Здравев и останатите осум кандидати за советници и искрена благодарност до гласачите во општина Конче и населбите Долни Липовиќ,  Горни Липовиќ, Габревци, Дедино, Ракитец и Лубница.

Демократски сојуз доследно ќе се залага за имплементација на изборната програма за Конче, водејќи сметка за рамномерен развој на сите населби.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!