Утрински Весник
Македонија

Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече

20251019214453 big 730x400 28.webp.webp
Dik 300x250 mk

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, по првичните резултати од локалните избори, изјави дека ВРЕДИ е легитимен победник во мнозински албанските општини и дека очекува победа уште во првиот круг во Чаир, пред противкандидатот од НАИ, Бујар Османи. Во своето обраќање, Меџити упати и директен повик за оставка до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека „гласот на Албанците го испратил во политичка пензија“.

– На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет, да им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води ВРЕДИ. Во Чаир сме  да ја прославиме победата на ВРЕДИ уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува ВРЕДИ, како и во други општини доаѓаат резултати дека ВРЕДИ е легитимен победник – рече Меџити.


Посочи дека очекува победа во четири до пет општини уште во првиот круг, и водство во поголемиот дел од албанските општини на државно ниво.

– Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус – дополни Меџити.

Тој побара оставка од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам, вечерва Албанците победија, а вечерва една политичка класа се пензионираше. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност – ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија – посочи Меџити.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје

Филипче: Резултатот не е крај, туку почеток на консолидацијата на СДСМ